Судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во градскиот парк во Скопје, почнува на 5 септември.
Случајот, како што потврдуваат за МИА од Основниот кривичен суд Скопје ќе го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.
Обвинетите за убиството се Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски.
Основното јавно обвинителство Скопје ги гони за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Согласно обвинителниот акт обвинетите се товарат дека на 7 април пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.
– По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.
фото: Архива