Судот реши – Асмир Јахоски, газдата на компанијата „Пуцко Петрол” останува во притворот во Шутка

Асмир Јахоски, газдата на компанијата „Пуцко Петрол” останува во притворот во Шутка.

Кривичниот совет го одби неговото барање да биде пуштен од притвор со гаранција од милион евра во недвижен имот, и покрај тоа што обвинителството се согласи тој да биде ослободен, но да даде дополнителни 1,1 милион евра на посебна сметка во банка, објави АЛФА.

„Судот, ценејќи ги сите околности поврзани со истрагата, и покрај даденото позитивно мислење на јавниот обвинител, смета дека во овој момент сеуште постојат околностите за постоење на определената мерка притвор” се вели во соопштението до судот.

Тие сметаат дека Јахоски се уште може да ја попречи истрагата со влијание на сведоците, како и дека може да сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело, затоа што истражната постапка сеуште е во тек и сеуште се прибират докази.

Предходно, Јахоски преку својот адвокат побара ослободување со гаранција од еден милион евра во недвижнини.

Обвинителството делумно го прифати барањето, но побара дополнителни 1,1 милион евра во пари и тоа да бидат ставени на посебна сметка во банка. Оваа сума, според обвинителите отприлика соодествувала со штетата што ја направил со делото за кое се товари.

Инаку, Јахоски, заедно со капушевски се во притвор како дел од 13-те осомничени за случајот со набавката на отровниот мазут за тец неготино. Првично му беше одреден куќен притвбор, но по реакциите во јавноста судот го испрати во Шутка.