Судскиот совет разреши пет судии. За тројца од нив одлучуваше по вторпат бидјеќи нивните жалби ги прифати Врховниот суд. Неофицијално, разрешени се врховниот судија Стојанче Рибарев, кој беше и претседател на Кривичниот суд. Разрешени се и тројца судии од Штип и еден од Тетово. Рибарев е разрешен поради исклучување судии од електронскиот систем АКМИС кога СЈО поднесуваше обвиненија. Останатите судии се разрешени поради неправилности во работењето и несовесно однесување.
извор: Алсат