Астронаутката Сунита Вилијамс го собори рекордот за вкупно време на „чекорење“ низ вселената за жени, со реализирани 62 часа и 6 минути, надминувајќи го претходниот рекорд на Пеги Витсон од 60 часа и 21 минута, јавува Анадолу.
Заглавени на Меѓународната вселенска станица (ISS) од јуни 2024 година, Вилијамс и Буч Вилмор ја завршија вселенската прошетка вчера.
За време на работата надвор од станицата, тие ја отстранија неисправната радиоопрема и собраа примероци од микроорганизми за испитување на надворешната обвивка на Меѓународната вселенска станица.
„Астронаутката на НАСА Суни Вилијамс штотуку го надмина вкупното време на одење во вселената на поранешната астронаутка Пеги Витсон од 60 часа и 21 минута“, објави НАСА на платформата X.
Почетното времетраење на мисијата за Вилијамс и Вилмор беше одредено за само осум дена, но се прошири на дури 238 дена, што поттикна дискусии за мерките на претпазливост потребни за состојбата на астронаутите за време на таквите продолжени престои во вселената.
НАСА соопшти дека ги знае предизвиците на оваа продолжена мисија и е во тесна соработка со СпејсИкс за да осигури безбедно враќање на астронаутите.