Русија ќе почне да работи на независна мисија на Марс, имајќи предвид дека Европската вселенска агенција го прекина заедничкиот проект по инвазијата на Украина, изјави директорот на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин.
ЕСА во четвртокот соопшти дека е невозможно да се продолжи соработката со Русија во мисијата „ЕкоМарс“, а според тој план руската ракета требаше да пренесе ровер од европско производство на Марс кон крајот на оваа година.
„Одлучивме дека ова лансирање не може да се изврши, имајќи ги предвид околностите и особено санкциите наметнати од земјите-членки. Тоа го прави практично, но и политички невозможно лансирањето на роверот во септември“, истакна генералниот директор на агенцијата, Јозеф Ашбахер.
Тензиите околу војната во Украина се прелеаја во вселенската наука и истражување, предизвикувајќи неизвесност на Меѓународната вселенска станица. Иако политичките околности ги отежнуваат односите, сепак се случува некаква соработка, па американскиот астронаут Марк Ванде Хеј ќе биде спуштен на Земјата со руска ракета.
извор/фото: ртс.рс