Саудиска Арабија потврди дека на Светското првенство во фудбал во 2034 година, што ќе се одржи во земјата, нема да се продава алкохол, јавува Анадолу.
„Како и нашето време, земјата е ‘сува’. Во моментов, не дозволуваме алкохол, но може да се забавувате и без него. Не е 100 % неопходен“, изјави денес саудискиот амбасадор во Велика Британија, принцот Кaлид бин Бандар бин Султан ал Сауд, за британската радиостаница „Ел-би-си њуз“.
„Ако сакате да пиете откако ќе заминете, тоа е ваша одлука, но во моментот, ние немаме алкохол“, додаде тој.
Нагласувајќи ги културните разлики, Ал Сауд истакна дека Саудиска Арабија со задоволство ќе ги пречека сите гости во рамките на своите правила, но нема намера да ја менува својата култура за другите.
Во декември 2024 година, ФИФА официјално ја прогласи Саудиска Арабија за домаќин на Светското првенство во 2034 година, со што таа стана втората блискоисточна земја која ќе го организира престижниот меѓународен фудбалски турнир, по Катар во 2022 година.
Турнирот ќе се одржи на 15 стадиони во пет градови: Џеда, Кобар, Абха, главниот град Ријад и планираниот футуристички град Неом.
Светското првенство во 2034 година ќе биде историско, бидејќи за првпат ќе учествуваат 48 репрезентации, со што ќе се прошири форматот на натпреварувањето.