Анкетата направена во Европската Унија(ЕУ) во 2024 година, покажува дека повеќето луѓе во Европската Унија не работеле (22,4 отсто) или престанале да работат (64,7 отсто) во рок од шест месеци по добивањето на старосната пензија. Но, 13 отсто од анкетираните продолжиле да работат.
Највисок процент на луѓе кои продолжиле да работат има во балтичките земји: Естонија (54,9 отсто), Латвија (44,2 отсто) и Литванија (43,7 отсто). Најмалиот процент е во Романија (1,7 отсто), Грција (4,2 отсто) и Шпанија (4,9 отсто).
Половина од оние кои продолжиле со работа изјавиле дека уживаат во неа, додека другата половина продолжила поради финансиска потреба.
Во земји како Данска, Холандија и Италија, поголемиот процент на луѓе продолжуваат да работат затоа што уживаат во тоа. Поради финансиски причини работат пензионерите во Кипар, Романија и Бугарија.
Од оние кои продолжиле да работат, половина не промениле ништо во работните услови, а другата половина направила промени, како што се менување на работното место, намалување на работните часови или започнување со втора работа додека ја прекинале првата.
И на Балканот дел од пензионерите работат поради мали пензии. Во Хрватска имаше поплаки дека пензиите се мали и луѓето мораат да работат.
faktor.mk