До локалните избори сигурно нема да има спојување на Влен, а по нив може да се случи евентуално спојување на сите четири партии во една партија, вели за РСЕ лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари. Тој најави жалба до Апелација по одлуката на тетовскиот суд за тоа кој е претседател на АА. Според него „важно е кој ги има членовите, а не кој како ќе се нарекува“.
Господине Таравари, опозицијата до сега ве обвинуваше дека состојбата во здраството е катастрофална, дека умираат деца на клиники, и повторно снемува лекови во одредени клиники за најтешко болните од рак. Што се помести кон подобро, откако сте вие министер?
Состојбата во здравството на вистина е катастрофална, меѓутоа не е катастрофална само последните 7 месеци, бидејќи и да сакате еден совршен здравствен систем да го уништите за 7 месеци е невозможно. Значи, точно е тоа дека наследивме девастирано здравство
и дегенерираното комплетно. И нормално невозможно е со магично стапче за 7 до 8 месеци да направите од македонско здравството, тоа да биде норвешко или шведско здравството, тоа е невозможно.
Меѓутоа, ние правиме се што можеме и колку што можеме за да подобриме одредени работи. Потпишан е колективниот договор со комплетно медицинскиот кадар и медицинскиот персонал.
Покачени се платите на докторите за 5 отсто минатата година, од први ноември, и во март треба уште 5 отсто повторно, додека за медицинските сестри е покачено до 17 отсо платата, ова е една од работите што е направена.
Второ, јас кога бев министер само 100 дена во 2017 година, имаше проблем со приватните специјализанти, кои што не беа третирани од државата. Што направивме за 600 вкупно приватни специјализанти, за сите нив донесувме одлука во влада и на 30-ти декември минатата година, 2024 година, го поминавме во финансии и здравство, за да, до крајот на март сите добијат решение за работа. Значи да бидат вработени, бидејте тие се потенцијални кандидати за да избегаат од државата.
Но, Вие донесувате одлука дека ќе бидат вработени, но не беа вработени. Требаше до крајот на 2024 година 300 да бидат вработени, и 300 до крајот на 2025 година, ама си уште тие се не вработени.
Значи, тие се доктори кои што не беа предвидени во систематизацијата на болниците. Ние не знаевме колку има специјализанти по која област. Ни требаше време тие да се пријават на апликација. После, ние сите тие да ги испратиме во болниците.
Во Министерствата за здравство и финансии во Владата е поминато на 30-ти декември. Што треба сега да направиме? Сите болници, сите здравствени установи, треба да направат нови систематизации.
Затоа ова доцни, Но набргу, некои од болниците веќе имаат нови систематизации, около 20 се тоа. Набргу можат болниците веќе сами да објават конкурси и да ги работат.
Што ке значи тоа? Кога ќе можат овие 600 луѓе реално да очекуваат вработување?
300 ќе бидат вработени до крајот на март, 300 други до крајот на декември 2025 година, оваа година. Имено 1200, односно 1180 средномедицински кадар, генерално, кои што беа договорци по 5, 10 и повеќе години, исто така, до крајот на март, треба на сите овие да им се даде решение во здравствените установи. Меѓутоа, чекаме заедно со специјализантите и овие да бидат третирани.
slobodnaevropa.mk