Социјалната мрежа Телеграм веќе има 900 милиони корисници, изјави за Фајненшл Тајмс основачот на компанијата Павел Дуров.
На почетокот на 2021 година, пред конфликтот во Украина, бројот на корисници на Телеграм беше 500 милиони.
Потенцијалните инвеститори веќе ја процениле компанијата на 30 милијарди долари, вели Дуров, нагласувајќи дека се уште нема намера да ја продаде оваа платформа.