Телма: Инспекторите на Кванташки одземаат зеленчук и овошје од нерегистрирани трговци- викендов наплатени 80.000 евра казни од маркети

Пазарните инспектори со полни раце документи и налози, се вратија на Кванташки, десет дена по првата контрола. Во придружба на финансиските полицајци и со заштита од вооружена интервентна полиција, инспекторите го проверуваа сметководството на фирмите сместени на Кванташкиот пазар. Најголеми сомнежи се дека не се почитуваат одлуките за замрзнување на цените. Но исто така во првата контрола беа откриени и десетици тезги каде продавале и работеле нерегистрирани фирми за трговија на мало, иако Кванташкиот е наменет за продажба на зеленчук и овошје на големо, објави Телма.

Агенцијата за одземен имот им ја одзема стоката на продавачите кои не биле регистрирани како трговци. Директорот на Државниот пазарен Инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски не дава детали за денешната акција, но тврди дека никој нема да биде поштеден од казни.

Доколку се утврдат неправилности во зависност од големината на субјектот казните ќе бидат од 800 до 10.000 евра.

 

Текстот во целост на: Телма