Сѐ уште не е јасно како Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, успеа да „влезе“ во Академијата за судии и јавни обвинители, а сега се најде и на список како еден од идните обвинители на државата. Антикорупциската комисија во април минатата година доби известување дека Барлет Џафери успеал да се пријави на академијата без да ги исполни условите за тоа, поточно без полагање правосуден испит. Но, и без докрај завршена истрага на антикорупциската комисија против него, Барлет Џафери ќе биде во позиција самиот да истражува криминал, објави Телма.
На списокот за јавни обвинители и судии се најдоа и сопруги, снаи на политичари и судии. На 51 поциција од списокот со 58 имиња се најде и сопругата на Ислам Абази кој шефува со Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Текстот во целост на: Телма.
фото: Телма.