Течат подготовките за „Бадниковите поворки“, ќе има и голем Божиќен концерт на плоштад „Македонија“

Од Здружението за возобновување на вистинските православните традиции „Бадникови поворки“ со детали за претстојната организација за одбележување на Бадник и Божиќ.

– На 5 ти Јануари, во вечерните часови, со пештера во рацете тргнете со своите другарчиња во помали групи и посетете ги домовите на вашите пријатели и најавете го празникот Божиќ. На 6-ти Јануари, пак, во 12 часот, сите заедно да се собереме пред Музеј на Град Скопје и да ја формираме најголемата Бадникова поворка, која ќе заврши со голем божиќен концерт на плоштад „Македонија“, упатија апел од здружението. 

Организаторите ветија златна ѕвезда со нов дизајн и подарок за секое дете!

– Ќе ечи „Вечниот Бог”! Децата, како симбол на ангелите, со своите чисти души и искрени насмевки ќе го наговестуваат Христовото Раѓање! Зарем се пропушта вакво нешто? – наведуваат организаторите.

Бадникови поворки во сите останати градови и населени места ќе има на 6-ти Јануари.

 

 

skopjeinfo.mk