Двајца браќа тинејџери се уапсени откако нивната сестра била смртно застрелана за време на семејна расправија околу божиќните подароци, објави Би-Би-Си.
23-годишната жена била застрелана во градите од нејзиниот брат додека го носела својот 10-месечен син, соопшти Канцеларијата на шерифот на Флорида.
Детето било неповредено.
По пукањето следеше расправија кој ќе добие повеќе подароци.
15-годишниот стрелец побегнал од местото и го фрлил пиштолот.
Помладиот брат кој има 14 години е пренесен во болница во стабилна состојба. И тој ќе биде приведен.
Жената, мајка на две деца, била пренесена во болница каде била констатирана смрт. Таа претрпела внатрешно крварење.