Тинејџер (16) со нож избодел свој врсник во Лесковац

Лесковачката полиција денеска околу 14 часот во пекара во центарот на градот приведе тинејџер (16) кој со нож избодел врсник на кој му била извадена слезината, потврдија денеска за ФоНет.

Директорот на лесковачката болница Небојша Димитријевиќ изјави дека повредениот млад човек се здобил со повреди на црниот дроб, слезината и желудникот.

Црниот дроб и желудникот му беа сошиени, но слезината мораше да му се извади, изјави Димитријевиќ.

Тој додаде дека животот на тинејџерот не е во опасност, но поради загуба на крв во текот на денот тој ќе биде испратен во Клиничкиот центар Ниш.

 

 

4news.mk