Тирана со 43 годишна овластена градоначалничка Ануела Ристани

По апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, овластена градоначалничка, од вчера доцна попладне, е Ануела Ристани.

Веста ја објави општина Тирана, но и самата Ристани, по втората средба што во текот на вчерашниот ден, со петте заменици градоначалници и претседателот на советот на општина Тирана, ги оствари премиерот Еди Рама, во просториите на општината.

Ристани (43) родена е во Тирана  средно образование завршила во Албанија и САД, а дипломирала бизнис на американскиот универзитет во Бугарија.

Таа синоќа се обрати на свеченоста по повод 105-годишнината од прогласувањето на Тирана за главен град на Албанија, одржана во Палатата на Бригадите. Зборуваше за постигнувања што го трансформирале главниот град, притоа подвлекувајќи дека работата за развој на Тирана нема да запре.

 

denesen.mk