Титовиот колач бил најомилениот деликатес во цела Југославија

Во Југославија, Титовиот колач бил омилен деликатес – десерт полн со ореви и мек фил.

Потребни состојки за кора
4 жолчки
200 грама шеќер
5 лажици ладно кафе
100 грама мелени ореви
3 лажици масло
1 прашок за печиво
5 белки

Состојки за првиот фил
400 милилитри млеко
5 лажици брашно
3 жолчки

Состојки за вториот фил
250 грама путер
10 лажици шеќер
100 грама чоколадо за готвење
1 екстрат од рум

Подготовка
Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги белките и оставете ги на страна. Одделете 3 жолчки во поголем сад, а 4 жолчки оставете за подоцна. Во жолчките додадете го шеќерот, брашното, маслото и изладеното кафе, а потоа изматете. Додадете ги оревите и прашокот за печиво, а кога сето тоа ќе го измешате, додадете ги белките кои сте ги изматиле во цврста смеса.

Печете ја кората 20 минути на 200 Целзиусови степени.

Филот направете го така што жолчките со брашното ќе ги сварите во 400 милилитри млеко, како кога правите пудинг. Оставете на страна.

Во вториот фил се матат путерот и шеќерот, па се додаваат растопената чоколада и екстрактот од рум.

Наредете сè и посипете со ореви.
Уживајте во вкусот на едно минато, безгрижно време полно спомени!