Товарен брод со жито од Украина го запре сообраќајот на Босфор

Товарен брод со повеќе од 3.000 тони пченка од Украина вчера се насука во Истанбул, поради што беше запрена пловидбата во Босфор.

Ова е прв ваков инцидент по потпишувањето на договорот во јули за извоз на жито од блокираните украински пристаништа.

Канцеларијата на гувернерот на Истанбул и бродската компанија соопштија дека 173-метарскиот брод „Лејди Зехма“ бил безбедно закотвен по дефект на кормилото околу 16 часот по средноевропско време.

Во инцидентот нема повредени.

 

kurir.mk