Товарен воз кој превезувал жито излетал од шините на Крим

Товарен воз што превезувал жито на Крим излетал од шините, соопшти рускиот челник на регионот, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, пренесува Анадолу.

Сергеј Аксјонов преку Телеграм истакна дека во несреќата нема жртви, и дека сообраќањето на електричните возови на железничката линија Симферопол-Севастопол е прекинато.

Железничката компанија во регионот раководена од Русија во посебно соопштение на Телеграм истакна дека товарниот воз излетал од шините поради „интервенција на неовластени лица“.

Од друга страна, Андриј Јусов, портпарол на Украинското одбранбено разузнавање, тврди дека возот можно е да превезувал и тешко оружје и воена опрема поради што шините се оштетиле.

Вчера, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека Договорот за транспорт на жито преку Црното Море, кој истекуваше денес (18 мај), е продолжен за два месеца.

Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина првично го потпишаа договорот минатиот јули во Истанбул за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, прекинат со почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година.

Договорот од неговото потпишување е продолжуван трипати, првото продолжување беше во ноември 2022 година, а потоа во март.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.