Топењето на глечерите во швајцарските Алпи открива страшни тајни скриени со децении

Последиците од екстремно високите температури во последните неколку недели не само што предизвикуваат проблеми на границата меѓу Швајцарија и Италија поради повлекувањето на глечерите, туку откриваат и тајни скриени со децении под ледените слоеви.

Двајца француски планинари ги пронашле коските минатата недела на швајцарските Алпи додека се искачувале на глечерот Чесјен во јужниот кантон Вале. Коските биле пренесени од планината со хеликоптер, а биле лоцирани на замрзната патека која не била користена повеќе од 10 години, пренесува The Guardian.

Менаџерот на планинарскиот дом „Британија“ рече дека алпинистите ги пронашле коските бидејќи користеле застарена мапа за искачување по глечер, на која е наведена замрзнатата рута како проодна. Тој додаде дека коските најверојатно припаѓаат на некој кој починал некаде кон крајот на 70-тите или почетокот на 80-тите.

Една недела пред тоа, друг скелет беше пронајден во близина на пристаништето Зермат, североисточно од врвот Матерхорн. Полицијата во Вале соопшти дека и во двата случаи се обидува да го утврди идентитетот на починатите лица со помош на ДНК анализа.

 

Во првата недела од август, планински водич ги пронашол остатоците од авионот што се урна на 30 јули 1968 година над глечерот Алеч, во близина на врвовите Јунгфрау и Менч. „Од далечина помислив дека гледам во двајца ранци“, изјави водичот Доминик Нелен.

 

Увидот на местото на настанот утврдил дека станува збор за остатоци од авион на „Пајпер Чероки“ кој таму се урна пред повеќе од 50 години. Потоа беа пронајдени телата на загинатите патници, но остатоците досега беа скриени под мразот.

 

dnevnik.hr