Тошковски: Денеска во Центарот за обука во Идризово ги посетив кандидатите кои се пријавија на јавниот оглас за прием на 600 нови полицајци, при спроведувањето на проверките на нивните моторички способности

Денеска во Центарот за обука во Идризово ги посетив кандидатите кои се пријавија на јавниот оглас за прием на 600 нови полицајци, при спроведувањето на проверките на нивните моторички способности.
Процесот се одвива темелно, транспарентно и согласно утврдените стандарди. Јакнењето на полициските редови со мотивирани и подготвени кадри е клучен чекор во градењето на поефикасна и професионална полиција кон која се стремиме.