Тошковски: Министерството за внатрешни работи се стреми да стане повеќе од институција која го спроведува законот – целта е да биде вистински партнер на секоја жена која бара заштита и поддршка

„Работиме на создавање систем кој ќе овозможи идентификување и управување со ризиците, обезбедување сигурност на жртвите во секоја фаза на полициското постапување, како и спроведување мерки за помош и насочување на жените кон достапни услуги за поддршка”.
“Со зајакнување на капацитетите на полицијата и градење ефикасен систем за помош и поддршка, се стремиме кон создавање општество каде жените ќе можат да живеат слободно, безбедно и достоинствено, ослободени од секоја форма на насилство”.
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи за кампањата 16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња во .