Нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на црни точки, денеска (9 февруари) најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на трибината со наслов „Суштината на проблемот – лоши закони или лоша примена?“.
Тој истакна дека се работи на имплементација на нови и ефикасни решенија за подобрување на сообраќајната култура и безбедност, како што е системот „безбеден град“, кои, според него, ќе обезбедат транспарентност, фер третман за сите прекршители и зголемена ефективност во примената на закони.
„Слободно можам да кажам дека имаме нефункционален систем што треба да продуцира резултати од интерес за македонските граѓани“, смета Тошковски.
Случајот со 22-годишната Фросина Кулакова, која беше прегазена на булеварот Партизански одреди во Скопје предизвика бурни реакции во јавноста.
slobodnaevropa.mk