Тошковски: Овој ден е симбол на борбата за подобри услови, но и потсетник дека благодарение на макотрпната работа на нашите работници, нашата Татковина се движи напред

Во мое лично име и во име на Министерството за внатрешни работи, ви го честитам 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, денот кога ја славиме вредноста на трудот, пожртвуваноста и достоинството на македонскиот работник!
Овој ден е симбол на борбата за подобри услови, но и потсетник дека благодарение на макотрпната работа на нашите работници, нашата Татковина се движи напред. Трудот е темелот врз кој се гради една силна, праведна и просперитетна Македонија.
Како Влада, длабоко свесни за оваа реалност, неуморно се залагаме за унапредување на стандардот и достоинството на секој работник. Од аспект на Министерството за внатрешни работи, решително работиме на подобрување на економско-социјалниот статус на полицијата, за модерни услови за работа, нови униформи и опрема, со исплатена бонус плати и зголемување на платите за 10%. Секој наш чекор е вложување во стабилноста, сигурноста и достоинството на државните институции.
На овој ден, со особена чест и благодарност им оддавам признание на сите македонски работници – полицајците, војниците, здравствените и просветните работници, градежните и комуналните служби и сите кои со својот труд ја унапредуваат нашата заедничка татковина, Македонија!
Нека е честит 1 Мај – Денот на трудот! Ви посакувам празник исполнет со здравје, спокој и гордост и да продолжиме заедно да работиме за подобра иднина на нашето семејство, нашата заедница, нашата Македонија!