Тошковски: Одделот за внатрешна контрола не утврди вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека нема утврдена одговорност ниту прекршување на процедурите од страна на полицаецот кој на Денот на албанското знаме симнал албанско знаме од бандера.

„Истражувањето на Одделот за внатрешна контрола покажа дека нема нарушување на стандардно-оперативните процедури. Доколку има дополнителни прашања, тоа ќе биде разгледано понатаму,“ рече Тошковски.

Со ова, постапката за полицаецот е затворена.

 

извор: 4news.mk