Oткако е поставен за министер дошол до одредени информации и сомнежи за тоа како се постапувало во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, откри вечерва на ТВ 24 министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што кажа, побарал дополнителна истрага, а таа ќе ја вршат двајца началници еден поставен од него, а еден од дополнителниот заменик министер.
Тошковски: Побарав детално да се истражат одредени сомнежи во случајот со Вања и Панче
