Тошковски: Приведени 15 лица за трагедијата во Кочани – клубот работел со фалсификувана лиценца!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес конференција објави нови детали по трагедијата во Кочани.

Како што кажа, има осомничено, но и приведени.

„Има осомничено дваесетина лица, од кои околу 15 лица се во полициска станица, дел од осомничените се починати, согласно сомненијата кои ги имаме досега од аспект на осомничени, дел се во болниците. Четири лица се обезбедени во болница, два члена на бендот, син на сопственик на дискотека, и управител на правното лице кое што ја менаџирал дискотеката“, вели Тошковски.

Тој додава дека приведени се лица кои имаат директна вина во овој кривично-правен настан.

 

 

4news.mk