Тошковски: Старите личните карти ќе важат затоа што законот е таков и ќе траат заклучно со датумот втиснат на нив

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 проговори и за важноста на личните карти. Тој вели дека старите лични карти ќе важат се додека имаат валиден датум на нив.

„Ќе важат затоа што законот е таков.Во законот за возачки дозволи истечена е важноста со старото уставно име заклучно со 01.01.2025 година, но законот за лични карти нема таква одредба, не беше променет од страна на овие експертиве политичари од минатото и истите лични карти ќе си важат заклучно со втиснат датум на нив. Грешна беше информацијата дека немало да важат личните карти, не ќе важат и можат не само за влез – излез во Македонија и Србија и за сите оние секојдневни потреби за кои се користи личната карта“, кажа Тошковски.

 

 

 

tv21.mk