Рибарите на атлантскиот брег во португалскиот град Назаре и денес продолжуваат да ја одржуваат традицијата на сушење риба на сонце, метод што низ историјата бил клучен за зачувување и продажба на морската храна, јавува Анадолу.
Иако модерната технологија овозможи побезбедни начини на складирање, некои рибари и понатаму ги користат традиционалните техники, особено за сардините и октоподите што потоа се продаваат на пазарот со дрвени тезги на централниот градски брег.
Сушењето риба било широко распространето во минатото, кога недостигот на разладни уреди ги принудувал рибарите да најдат алтернативни начини за одржување на свежината на уловот.
Денес, и покрај развојот на индустриските методи за обработка, оваа практика останува дел од локалниот идентитет и го привлекува вниманието на посетителите.