Американскиот претседател Доналд Трамп накратко се обрати на новинарите пред Белата куќа пред да замине на митинг во Мичиген по повод неговите први 100 дена на функцијата.
Еден новинар беше заинтересиран за тоа кој според него треба да биде новиот папа. Трамп се насмевна кога го слушна прашањето, одговарајќи: „Би сакал да бидам папа. Тоа би бил мојот прв избор“.
Тој продолжи нагласувајќи дека нема фаворит, но посочи дека Тимоти Долан, надбискупот на Њујорк, би можел да биде добар избор. „Не знам. Немам фаворит. Но, морам да кажам дека имаме кардинал од место наречено Њујорк кој е многу добар, па ќе видиме што ќе се случи“, изјави тој.
Конклавот започнува на 7 мај.
4news.mk