Трамп ги враќа во употреба пластичните сламки

Американскиот претседател Доналд Трамп им објави „војна“ на хартиените сламки и се залага за враќање на пластиката.

Трамп во понеделникот (10 февраури) потпиша наредба во Белата куќа во која се наведува дека американските владини оддели и агенции повеќе не треба да набавуваат и користат хартиени сламки во иднина.

Неговиот тим, исто така, треба да развие национална стратегија за ставање крај на употребата на хартиени сламки.

„Овие работи не функционираат. Сум ги имал многу пати, понекогаш се кршат…Ако нешто е жешко, тие не траат многу долго, прашање на минути е, понекогаш прашање на секунди, тоа е смешно, па ќе се вратиме на пластичните сламки. Мислам дека е во ред“, рече Трамп за употребата на хартиените сламки.

 

 

 

slobodnaevropa.mk