Американскиот претседател Доналд Трамп во врска со неговото ветување пред да биде избран за претседател дека ќе ја заврши руско-украинската војна во рок од 24 часа го даде следниот коментар: „Бев малку саркастичен кога го кажав тоа. Сакав да кажам дека посакувам да го завршам ова и мислам дека ќе бидам успешен“, известува Анадолу.
Споделен е трејлер од интервјуто на Трамп на телевизиската програма „Full Measure“, кое ќе се емитува утре.
Во трејлерот запрашан за неговото ветување дека ќе ја заврши руско-украинската војна во рок од 24 часа, Трамп одговори:
„Бев малку саркастичен кога го кажав тоа. Сакав да кажам дека посакувам да го завршам ова и мислам дека ќе бидам успешен.“
Во врска со можноста Русија да не го прифати прекинот на огнот, Трамп рече дека тоа е „лоша вест“.
„Но, мислам дека (рускиот претседател Владимир) Путин ќе го прифати тоа. Мислам дека добро го познавам и тој ќе го прифати“, рече Трамп.
За време на предизборната кампања, американскиот претседател Трамп тврдеше дека може да стави крај на руско-украинската војна во рок од 24 часа.