Доналд Трамп повторно го зголеми притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да се согласи на мировен договор.
Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп тврдеше дека договорот е „многу близок“, но го критикуваше Зеленски и го повика да ја „заврши работата“.
„Украинскиот претседател Володимир Зеленски се пофали на насловната страница на Wall Street Journal со изјавата: „Украина нема законски да ја признае окупацијата на Крим. Таму нема што да се разговара.“
Оваа изјава сериозно им штети на мировните преговори со Русија, бидејќи Крим беше изгубен пред многу години, кога американски претседател беше Барак Хусеин Обама, а денес не е ни предмет на дискусија.
Никој не бара Зеленски да го признае Крим како руска територија, но ако го сака назад – зошто не го одбрани пред единаесет години, кога и беше предаден на Русија без ниту еден истрел?
„Украина може да избере мир или војна додека не ја изгуби целата своја земја“
На тој простор имало големи руски бази со децении пред „предавање на Обама“. Токму запаливите изјави како онаа што Зеленски ја даде денес се причината зошто е толку тешко да се постигне мир. Нема со што да се пофали! Ситуацијата за Украина е многу тешка, таа може да избере мир или да продолжи да се бори уште три години пред да ја изгуби целата своја земја.