Трамп го повика Путин да „престане да пука“ и да „потпише договор“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака рускиот лидер Владимир Путин да „престане да пука“ и да се согласи на мировен договор за ставање крај на војната во Украина, еден ден откако се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на погребот на папата Франциск во Ватикан.

„Па, сакам да престане да пука, да седне и да го потпише договорот“, им рече Трамп на новинарите на 27 април кога беше прашан какви дејствија бара од Путин.

Трамп, исто така, рече дека неговата средба со Зеленски на 26 април поминала добро, додавајќи дека смета оти Зеленски е подготвен да го отстапи украинскиот полуостров Крим на Русија како отстапка – нешто што украинскиот лидер долго време вели дека никогаш нема да го направи.

„О, мислам дека да“, одговори Трамп кога беше прашан дали мисли дека Зеленски е подготвен да ја „отстапи“ територија што Русија ја окупираше во 2014 година и нелегално ја анектираше.

Средбата на Трамп со Зеленски во Ватикан на 26 април која траеше околу 15 минути, беше нивна прва откако Трамп го избрка Зеленски од Овалната соба во февруари по јавна расправија околу мировните преговори.

„Го гледам Зеленски како посмирен. Мислам дека ја разбира ситуацијата и мислам дека сака да постигнеме договор“, рече Трамп.

 

 

slobodnaevropa.mk