Трамп е против знамиња на половина копје на инаугурацијата

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп на 3 јануари се спротивстави на тоа американските знамиња да бидат спуштени на половина копје на денот на неговата инаугурација на 20 јануари.

Знамињата се така поставени во согласност со обичајот, во период од еден месец, во чест на починатиот поранешен претседател Џими Картер.

Претседателот Џо Бајден нареди знамињата да се спуштат на половина копје 30 дена по смртта на Картер на 29 декември, како што е вообичаено кога ќе почине американски претседател.

Трамп, кој рече дека планира да присуствува на комеморацијата на Картер во Вашингтон на 9 јануари, се спротивстави на тоа на 3 јануари во објава на Truth Social, објави Ројтерс.

„Сите демократи се ‘воодушевени’ што нашето величествено американско знаме ќе биде на половина копје за време на мојата инаугурација“, рече Трамп.

 

 

 

slobodnaevropa.mk