Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека е „многу веројатно“ војната меѓу Русија и Украина да заврши по „плодните“ разговори меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.
„Вчера имавме многу добри и продуктивни разговори со рускиот претседател Владимир Путин и има многу добри шанси оваа ужасна и крвава војна конечно да заврши“, рече Трамп во објавата на неговата социјална мрежа Truth, додавајќи дека побарал од Путин да ги поштеди животите на украинските војници кои се „целосно опкружени“.
Американскиот пратеник Стив Виткоф одржа долга средба со Путин во Москва вечерта на 13 март.
Во својата објава Трамп не кажа дали разговарал со Путин.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на 13 март во Москва им изјави на новинарите дека Путин му испратил на Трамп порака за неговиот предлог за прекин на огнот во Украина, по средбата во Москва со специјалниот пратеник Виткоф.
„Кога господинот Виткоф ќе му ги испрати сите информации на претседателот Трамп, ќе го одредиме времето на разговорот. Има причини да се биде внимателен оптимист“, рече Песков.
4news.mk