Трамп и Путин ќе разговараат за прекин на огнот во Украина на 18 март

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира телефонски да разговара со рускиот претседател Владимир Путин на 18 март, додека тој се обидува да постигне прекин на огнот во војната во Украина, која ги исцрпи војниците и ресурсите на двете страни.

„Ќе разговарам со претседателот Путин во вторник. Многу работа се заврши во текот на викендот“, им рече Трамп на новинарите доцна на 16 март за време на летот од неговото одморалиште во Флорида кон Вашингтон.

„Сакаме да видиме дали можеме да ја доведеме таа војна до крај. Можеби можеме, можеби не можеме, но мислам дека имаме многу добри шанси“, рече Трамп.

На прашањето за можните отстапки кои би можеле да бидат потребни за да се обезбеди прекин на огнот, Трамп рече дека „ќе зборуваме за земјиште, ќе зборуваме за електрани“.

„Мислам дека имаме многу за тоа веќе дискутирано со двете страни, и со Украина и со Русија. Веќе зборувавме за тоа, за поделба на некој имот“.

Кремљ веднаш не коментираше.

Постигнувањето прекин на огнот во повеќе од тригодишната војна во Украина, Трамп го направи приоритет во првите месеци од неговиот втор мандат.

По одржувањето на разговорите во Саудиска Арабија, украинските и американските власти на 11 март објавија дека Киев се согласил на 30-дневен предлог за прекин на огнот, во зависност од договорот на Русија.

Москва досега реагираше ладнокрвно на идејата, при што Путин предложи дополнителни услови, вклучително и замрзнување на испораките на американско оружје за Киев.

 

 

slobodnaevropa.mk