Трамп: Канада може да ја задржи химната „О Канада“ како 51-ва американска држава

 Американскиот претседател Доналд Трамп ја повтори својата желба за „апсорбирање на Канада во Соединетите Американски Држави (САД) како нивна 51-ва сојузна држава, истовремено изразувајќи ја својата одлучност за враќање на Панамскиот Канал, јавува Анадолу.

„Мислам дека Канада, знаете, ќе мора да плаќа царини за автомобили, дрвена граѓа, нафта и гас, итн.“

„Мислам дека тие треба да станат 51-ва држава“, додаде тој.

Осврнувајќи се на меѓународниот хокеарски натпревар во Монтреал, каде што Канаѓаните ја исвиркаа американската химна пред натпреварот, Трамп рече дека мисли оти „на крајот“ ќе ја фалат националната химна.

„Ќе мораме да склучиме некаков договор… бидејќи навистина ми се допаѓа ‘О Канада’“, рече тој, мислејќи на канадската национална химна.

„Таа е прекрасна. Мислам дека ќе мора да ја задржиме за 51-та држава“, додаде американскиот претседател.

Нарекувајќи го канадскиот премиер Џастин Трудо „гувернер“, Трамп истакна дека тој прави „прекрасна работа“.

„Мислам дека тоа всушност го чини неговиот избор, ако сакате да го знаете тоа, но ќе видиме за тоа.“

„Го разгледуваме Гренланд и мораме да го вратиме Панамскиот Канал“, додаде тој.

Трамп истакна дека Панама е едно од најголемите светски чуда и додаде: „Ние ја изградивме и бидејќи Кина во суштина ја презеде, нема да дозволиме да се случи тоа. Кина го знае тоа, а исто така и Панама“.

Трамп, исто така, рече дека земјите од БРИКС „раскинаа“, по само неколку дена откако ги предупреди со царини доколку се обидат да најдат замена за американскиот долар.

„Државите од БРИКС се обидуваа да го уништат нашиот долар. Сакаа да создадат нова валута. Така, кога дојдов, првото нешто што го кажав беше дека на секоја држава на БРИКС што дури и да спомене уништување на доларот ќе ѝ биде наметната царина од 150 отсто, и не ја сакаме вашата стока, и државите на БРИКС ‘раскинаа’“, рече тој.

 

Извор: АНАДОЛИЈА