Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп денеска изјави дека верува оти најверојатно „многу брзо“ ќе има целосен прекин на огнот со цел да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина. „Наскоро ќе имаме целосен прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, пренесува Си-Ен-Ен. Тој изјави дека договорот за поделба на територијата меѓу двете земји се преговара „во моментов додека зборуваме“.
Трамп: Многу брзо ќе има прекин на огнот меѓу Русија и Украина

4news.mk