Пред неколку часа Трамп нареди да се запре американската воена помош за Украина, изјави во понеделникот вечерта претставник на Белата куќа. „Паузираме и ќе ја разгледаме нашата помош за да се осигураме дека ќе придонесе за изнаоѓање решение“ за вооружениот конфликт меѓу Украина и Русија, рече функционерот, кој сакаше да остане анонимен.
„Претседателот јасно стави до знаење дека е фокусиран на мирот. Потребни ни се партнери кои исто така се посветени на постигнување на оваа цел“, додаде тој.
Одлуката беше откриена по состанокот во Белата куќа претходно вчера со учество на секретарот за одбрана Пит Хегсет , државниот секретар Марко Рубио и советниците на претседателот Трамп.
Володимир Зеленски вчера, напуштајќи го Лондон, јасно стави до знаење дека никому нема да му биде лесно да го „елиминира“ од равенката за неговата земја и, насмеан, смислено прокоментира дека „единствениот начин да изгубам на изборите, кога и да се одржат, е да не бидам кандидат“.
4news.mk