Трамп настојува да постигне договор за прекин на огнот во Украина до Велигден

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп настојува да постигне договор за прекин на огнот во Украина до Велигден, што е на 20 април оваа година, јави Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

-Администрацијата на Трамп им кажа на европските претставници дека сака да обезбеди прекин на огнот во Украина до Велигден, објави Блумберг, цитирајќи официјални претставници.

Сепак, некои официјални лица изразија сомневање за изводливоста на таа цел, истакнувајќи дека темпото на преговорите – кои треба да започнат оваа недела во Саудиска Арабија со учество на високи американски и руски претставници – е амбициозно и потенцијално нереално.

-Многу е поверојатно дека решението би можело да се постигне до крајот на оваа година, се вели во извештајот, цитирајќи дополнителен извор.

 

 

 

 

infomax.mk