Трамп потврди дека разговарал со Путин: „Рускиот лидер сака војната во Украина да заврши“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, во којшто станало збор за напорите за ставање крај на војната меѓу Москва и Киев, објави „Њујорк пост“, пренесува Анадолу.

Во изјава за „Њујорк пост“ во петокот, Трамп одби да прецизира колку пати разговарале двајцата лидери, но нагласи дека Путин е желен да види крај на конфликтот.

„Тој не сака да гледа повеќе како луѓето умираат“, рече Трамп. „Сите тие мртви луѓе. Млади, млади, убави луѓе. Тие се како вашите деца, два милиони од нив – и без причина“.

Трамп рече дека војната, сега во својата трета година, „никогаш немаше да се случи“ доколку тој бил претседател во 2022 година. Тој како спротивен го спореди својот пристап кон надворешната политика со оној на неговиот претходник Џо Бајден, велејќи: „Бајден беше срам за нашата нација. Комплетен срам.“

Американскиот претседател ја нагласи итноста за решавање на војната и нагласи дека има конкретен план за нејзино завршување. „Се надевам дека ќе биде брзо. Секој ден луѓе умираат. Оваа војна во Украина е толку лоша. Сакам да ја прекинам оваа проклета работа“.

Заедно со советникот за национална безбедност Мајк Волц од „Ер Форс 1“, Трамп изврши притисок за дипломатски разговори. „Ајде да ги продолжиме овие состаноци. Тие сакаат да се сретнат. Секој ден луѓе умираат. Млади убави војници се убивани. Млади мажи, како моите синови. Од двете страни. На целото бојно поле“.

– „Никој не сака да умре“ –

Во план е потпретседателот Џ.Д. Венс да се сретне со украинскиот претседател Владимир Зеленски на Минхенската безбедносна конференција следната недела.

Трамп предложи договор со Украина од 500 милиони долари за пристап до ретки минерали и гас во замена за безбедносни гаранции во одреден потенцијален мировен договор.

Осврнувајќи се кон Иран, Трамп сигнализираше отвореност за ненуклеарен договор, претпочитајќи преговори наместо воена акција. „Би сакал да се постигне ненуклеарен договор со Иран. Би сакал тоа, отколку да го бомбардираме… Тие не сакаат да умрат. Никој не сака да умре“.

Тој предложи дека таков договор може да ја одврати израелската воена акција. „Ако го склучевме договорот, Израел немаше да ги бомбардира. Сепак, тој беше нејасен за потенцијалните детали од преговорите. „На некој начин, не ми се допаѓа да ви кажувам што ќе им кажам. Знаете, не е убаво“.

„Би им рекол дека ќе склучам договор“, додаде Трамп, иако одби да прецизира какви отстапки би можел да понуди. „Не можам да го кажам тоа затоа што е премногу ужасно. Нема да ги бомбардирам“.

 

извор:АНАДОЛИЈА