Трамп разговараше со Путин за ставање крај на војната во Украина

Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за итен почеток на преговори за ставање крај на војната во Украина.

„Ние, исто така, се согласивме дека нашите тимови веднаш ќе започнат преговори и ќе започнеме со тоа што ќе го повикаме претседателот Зеленски од Украина за да го информираме за разговорот, што, ќе го направам сега“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“.

Претседателот Трамп разговараше со Путин за војната во Украина – https://truthsocial.com/@realDonaldTrump/113991956474899296

„Ги замолив државниот секретар Марко Рубио, директорот на ЦИА Џон Реклиф, советникот за национална безбедност Мајкл Волц и амбасадорот и специјален пратеник Стив Виткоф да ги водат преговорите дека имам силно чувство дека ќе бидат успешни. Милиони луѓе загинаа во војна што немаше да се случеше да бев претседател, но се случи, и мора да заврши“, напиша Трамп.

Кремљ потврди дека Путин и Трамп разговарале по телефон речиси час и половина и се договориле да се сретнат.

извор: mk.voanews.com