Трамп: Само во мое време Путин никого не окупираше

Поранешниот претседател Доналд Трамп во саботата ја осуди руската инвазија на Украина и рече дека се моли за Украинците, менувајќи го тонот од пофалбите за рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела, јави Ројтерс.

Говорејќи на собирот на неговите поддржувачи, Трамп рече дека тоа е „страшен чин што никогаш не требаше да се случи“.

Тој потсети и дека „за време на претседателствувањето на Буш помладиот, Русија ја нападна Грузија“.

„Во времето на Обама го окупираа Крим. Во времето на Бајден ја нападнаа Украина. Останувам единствениот претседател во 21 век за време на чие владеење Русија не нападна ниту една земја“.

извор/фото: агенции