Трамп успеа, се враќа на Фејсбук и Инстаграм

На Доналд Трамп ќе му биде дозволено да се врати на Фејсбук и Инстаграм по повеќе од две години забрана за поттикнување насилство кога неговите приврзаници упаднаа во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

Сметките на Трамп ќе бидат повторно активирани во наредните недели.

– Јавноста треба да слушне што зборуваат нивните политичари – рече Ник Клег, претседател за глобални прашања на Мета.

На денот кога Фејсбук го суспендираше профилот на Трамп, извршниот директор Марк Закерберг рече:

– Шокантните настани во последните 24 часа јасно покажуваат дека претседателот Доналд Трамп има намера да го искористи преостанатото време на функцијата за да ја поткопа мирната и законска транзиција на власта на неговиот избран наследник Џо Бајден – изјави тогаш основачот на Фејсбук.

 

vesnik.com