Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека ќе оди на преговори меѓу Русија и Украина во петок во Турција „ако тоа е соодветно“, пренесува Ројтерс.
„Размислував да заминам, но тоа е прилично тешко… Ако нешто се случи, би заминал утре (петок) доколку тоа е соодветно“, рече Трамп на работниот појадок во Доха, каде што е на турнеја по Блискиот Исток.
„Но, луѓето преговараат во моментов и се надевам дека Русија и Украина ќе можат да направат нешто. Ова мора да престане“, додаде Трамп.
4news.mk