Трамп ќе потпише наредба за затворање на Министерството за образование

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп денеска ќе потпише извршна наредба со цел затворање на Министерството за образование, соопшти Белата куќа.

Наредбата и наложува на секретарката за образование Линда Мекмахон „да ги преземе сите неопходни чекори за да го олесни затворањето на Министерството за образование и да и ја врати власта над образованието на државата, истовремено обезбедувајќи континуирана ефикасна и непречена испорака на услуги, програми и придобивки на кои се потпираат Американците“, објави Ројтерс.

Исто така, се наложува сите преостанати програми или активности финансирани од Министерството за образование да не промовираат родова идеологија.

 

 

4news.mk