Тригодишно дете претепано од воспитувачка во село Фуше

Тригодишно дете било претепано од страна на три воспитувачки во државна градинка во селото Фуше, Косово, Како што пренесува „Алсат“, тепањето заедно со фотографии и снимка од настанот го објавија членовите на семејството.

Почитувани медиуми и родители! Сакам да споделам со вас нешто страшно што штотуку се случи во Фуше, Косово. Во државните јасли брутално беше претепан мојот внук Лиси, на само 3 години. Погледнете ги снимките од камерите, каде јасно се гледа дека го тепаат и го влечат, па го праќаат во просторија без камери и безмилосно го тепаат тројцата наставници од ова училиште. Мојот внук претрпе тешка психолошка траума и веќе не може да спие, многу е вознемирен. Барам правосудните органи да си ја завршат работата. Ова нека биде последен случај на насилство врз деца. За ваквите насилни жени нема место во образованието, пишува Фатос Геци.

 

 

 

republika.mk