На денешен ден, пред 13 години, го напушти овој свет Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија и еден од најважните личности во нејзината историја.
Роден на 3 мај 1917 година во Штип, Глигоров одигра клучна улога во процесот на осамостојување и меѓународно признавање на Македонија. По референдумот од 8 септември 1991 година, кога граѓаните се изјаснија за независност, на 25 јануари 1991 година тој беше избран за прв претседател на Република Македонија од страна на Собранието.
На 7 март 1991 година му го довери мандатот за формирање на првата влада на Никола Кљусев. Со донесувањето на новиот Устав, Глигоров ги презеде активностите за меѓународното признавање на Македонија.
На 3 октомври 1995 година, преживеа атентат во Скопје. По неколкумесечно лекување, на 10 јануари 1996 година се врати на функцијата. Неговиот втор претседателски мандат заврши на 17 ноември 1999 година, кога имаше 82 години.
Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година, на 94-годишна возраст, во својот дом во Скопје. Неговиот придонес е признат со бројни меѓународни награди и признанија, а неговото дело останува вреднувано низ целиот свет.