Во три автобуси се случија последователни експлозии во градот Бат-Јам, јужно од Тел Авив во Израел, пренесува Анадолу.
Радиото на израелската армија објави дека постои сомнеж за обид за бомбашки напад во Бат-Јам и дека во три автобуси се случиле последователни експлозии.
Во врска со експлозиите, портпаролот на полицијата изјави: „Се зголемуваат сомнежите дека станува збор за напад. Нема човечки загуби“.
Во одделна изјава тој наведе дека експлозивите биле временски темпирани. Во соопштението се истакнува дека во уште два автобуси биле откриени експлозиви и дека екипи работат на нивно уништување.
Kабинетот на израелскиот премиер објави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе одржи безбедносен состанок во врска со експлозиите.
Метро услугите се прекинати по експлозиите, но нема информации за повредени или жртви.
Во тек е истрага за инцидентот.