Стотици натпреварувачи трчаа низ калливото корито на река за да соберат пари за добротворни цели.
Учесниците трчаат, скокаат и ползат преку еден дел од реката Блеквотер, недалеку од малото гратче Мелдон во Есекс, Велика Британија, долг само 400 метри. Иако тркачката патека е толку кратка, поради калта на учесниците им требаат и до 30 минути за да ја поминат. Оваа манифестација се одржува веќе 50 години и привлекува голем број луѓе од цела Европа. Со трката низ кал се собираат илјадници фунти за добротворни цели.
На стартот на свечената церемонија, по финалниот натпревар на турнирот во Аделаида, големо внимание привлече претставникот на традиционалните абориџини на…